ЖивотУбави совети
Рецепт: Колач со јагоди, брза и лесна подготовка!
За денес одвоивме еден интересен рецепт за брз колач со јагоди за кои ви се потребни само четири состојки.
Потребни состојки: 450гр јагоди, 170гр шеќер, 3 јајца и 170гр брашно.
Подготовка: Најпрвин изматете ги трите јајца заедно со шеќерот. Околу две минути со миксер миксирајте додека не добиете крем смеса. Во истиот сад додадете го брашното и повторно на момент измиксирајте. На крај додадете ги измиените и исечканите јагоди (колку поситно ќе бидат исечкани јагодите толку повкусен ќе биде колачот). Смесата префрлете ја во тава која предходно ќе ја намачкате со путер или ќе ја обложите со хартија за печење. Во загреана рерна на 200 степени печете околу 30 минути.