Рецепт за убав ден на Емилија Спасовска Мојсовска
Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со нутриционистката Емилија Спасоваска Мојсовска сопственичка на студиото “НУТРИ ЕМ”.
Секој ден за мене претставува Благослов и нова можност за успех и нови предизвици па затоа се обидувам секојдневно да бидам максимално продуктивна со позитивна мисла и насмевка. На тој начин и го започнувам денот, најчесто многу рано, во подготовка на денот пред мене, пред се енергетски, со подготовка на моите омилени напитоци и оброци, по што следуваат предвидените обврски. Работните обврски во моето студио “НУТРИ ЕМ” започнуваат околу претладне па до доцна навечер, активен и убав период од денот кој ми поминува во комуникација со многу луѓе, состаноци, соработки и клиенти, земајки ја нивната анамнеза за здравствената состојба и навиките во исхраната и начинот на живот- пред да ги направиме промените.
Останатиот дел од денот секогаш го посветувам на семејството и семејните активности, разговорите со син ми Петар за тековните случувања на училште, тренинг и повторното живеење на тинејџерството преку слатките негови тинејџерски “маки”.
Исто така чести се и моите дружби со блиските.