Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ивана Мангароска

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со Ивана Мангароска. Насмеана и позитивна водителка која долги години наназад ја гледаме на малите екрани, со неа пораснаа многу генерации. 

Мојот ден започнува многу рано во 05.00ч. со подготовката за Утринската програма на Телма која започнува во 06.55ч. Се будам со првото утринско кафе, единственото кое го пијам во тишина која ми е потребна бидејќи како родител на две мали деца
дома постојано има детски џагор, но и работното секојдневие е доста динамично.
Важно ми е позитивно да го започнам денот, секогаш има повод за добро расположение и со таква енергија да го поминам денот. Утринското смути или овошната салата е дел од мојот утрински ритуал, а тоа најчесто го правам со моите колеги, но и со нашите гледачи во живо!
По работното време, останатиот дел од денот го поминувам со семејството и сите обврски и слатки задоволства околу децата. Приквечерието е резервирано за час пилатес, релаксација и опуштање и потоа добар и квалитетен сон.

Поврзани статии

Back to top button