ЖивотУбави совети

Рецепт за неодолива салата

Ви нудиме еден интересен рецепт за салата која откако ќе ја пробате ќе сакате често да ја подготвувате.

Потребни ви се следниве состојки:
* за салатата: неколку мали компири, 4 јајца, 1 шолја сецкан магдонос, десетина сецкани кисели краставички, три лажици грашок и сол;
* за преливот: 2 лажици сенф, 4 лажици маслиново масло, половина лажичка мед, црна бибер и малку сушен босилек.

Сварете ги компирите и јајцата и оставете ги да се оладат. Потоа исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во голем сад заедно со краставичките, магдоносот и грашокот. Посолете. Состојките за преливот изблендирајте ги додека не се соединат, па прелијте ја салатата.

Поврзани статии

Back to top button