ДомУбави совети

Трикови со чија помош ќе го “проширите” тоалетот

Крпи, разни шампони, гелови за туширање, прашак за перење, предмети за хигиена – овие производи се секогаш во бањата, и ако се добро организирани и наредени, ќе имате повеќе слободен простор.

Внатрешно складирање

Наместете висечките полици во внатрешноста на елементите во бањата. Ситниците што ќе ги ставите нема да се гледаат, а ова визуелно го прави простор поголем, но исто така и ги ослободува другите делови од мебелот во бањата.

Тенки полици

Помеѓу ѕидот и машината за перење можете да поставите тенка полица на која можете да наредите шишиња со различни средства за одржување на хигиената.

Висечко огледало

Изберете огледало прикачено на елемент, нека биде висечки модел и тоа ќе ви биде највредното место во бањата. Така, шминката, четките и пастата за заби, сè она што го користите додека се подготвувате за работа ќе ви биде постојано на рака.

Поврзани статии

Back to top button