Предлог три книги за убав ден!
Читајте и откривајте нови прикзни секојдневно!
Азбуката на мојот живот (Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ) Азбуката на мојот живот е роман во кој една напуштена жена минува низ најзначајните мигови од својот живот по азбучен редослед додека се обидува да се справи со паниката и неизвесноста предизвикана од исчекувањето на нејзиниот маж да се врати и да си ги собере парталите.
Сплеткарот Купидон (Џина Ардито) Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош… Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се обрати за да ù најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас. И Виви и Бас претходно се имаат изгорено во љубовта и не ни помислувале дека нивната врска може да биде повеќе од платонска. Но, наметнувањето на Ева го освестува Бас, терајќи го да сфати дека е, всушност, вљубен во својата најдобра пријателка – Виви. Сега, со помош на Ева, тие прават секакви сплетки за да и помогнат на Виви да ја препознае љубовта што ја барала целиот свој живот, а, всушност, била постојано покрај неа…
Боксерот (Рајнхард Клајст) Херцко Хафт немал ни 16 години кога за него започнал патот на страдањето во логорите на смртта, кој на крајот го довел до Аушвиц. За разонода на офицерите на СС, полскиот eвреин боксувал против другите затвореници – опкружен од нечовечност, насилство и смрт тој немал друг избор освен да победува. Рајнхард Клајст ги прикажува вознемирувачките сеќавања од животот на Херцко Хафт во овој возбудлив и комплексен графички роман. Преку траумите во концентрационите логори, неговото драматично бегство и новиот почеток во САД, каде Хафт како професионален боксер ќе настапи и против легендарниот Роки Марчано, Боксерот ја портретира неверојатната приказна за една исклучителна човечка судбина.