Прашања кои секоја мајка треба да и ги постави на својата ќерка
Неверојатно е како летаат годините.
Додека се свестите вашето мало девојче кое до вчера ви седеше во скут и дрдореше нешто што не е поврзано и додека и ги плетевте плетенките, таа сега има 12 години и ви изгледа како туѓа. Таа веќе не е толку мала што секој проблем ќе се реши со колачи, фустани и приказни пред спиење, а пак таа не е доволно возрасна да ја третира како пријателка. Сепак, она што воопшто не смеете да го правите е да престанете да се интересирате и да престанете да поставувате прашања.
Кои прашања треба да и ги поставувате на вашата ќерка? Оние што се однесуваат на нејзините чувства, мисли и работи што и се случуваат. Ако не знаете од каде да започнете, ви донесуваме список на важни прашања што треба да им ги поставите на вашите девојки:
- За што сонуваш?
- Што те прави тажна?
- Што те прави среќна?
- На што размислуваш во последно време?
- Од што се плашиш?
- За што сакаш да разговараме?