Постојат ли кармички врски? Чувство на кое треба да му верувате…
Љубовниот живот, во повеќето случаи, е полн со многу проблеми. Најчесто се јавуваат поради несогласувања. Меѓутоа, често се случува да не е проблемот меѓу партнерите, туку околностите во кои се среќаваат да не поддржуваат нивната врска да продолжи да се развива.
Ваквите ситуации често доведуваат до очај и носат многу грижи, страдања и болки. Зошто се случува ова? Како да постои некоја невидлива сила која создава пречки…
Можеби универзумот испраќа знак дека таа љубов ја нема иднината на која се надевавме, или едноставно не е предодредена?
Зошто тогаш двете души се споија?
Одговорот најчесто се наоѓа во претходните животи и врски кои често се провлекуваат низ тие животи. Покрај кармичките врски во кои влегуваме, постои врска меѓу душите на паровите, како и сродните души. Сите овие врски имаат различни функции и улоги. Кога ќе разбереме на кој тип на врска припаѓа нашата, разбираме зошто влеговме во љубовна врска и што можеме да очекуваме од неа.
Постојана нестабилност
Најчестите врски во кои влегуваме се љубовно-кармичките врски. Кога за прв пат ќе се видат двајца кои влегуваат во кармичка врска, веднаш се чувствуваат како да се запознале претходно. Тие се чувствуваат блиски и имаат силна привлечност, а најчесто огромна страст.
Кармичките врски се тешки и секогаш носат проблеми. Иако партнерите се многу блиски, конфликтите и проблемите меѓу нив стануваат се потешки. Ниту околностите не им одат во прилог. Страстите и желбите се силни, но како вселената да не дозволува овие души да бидат заедно во мир. Тие се врзани еден за друг, а страста и емоциите се само мамка која љубовниците треба да ја „фатат“. И тогаш започнува драмата, бидејќи почнува да се расплетува кармичката приказна, односно долговите што овие две души ги имаат една со друга.
Затоа ваквите врски се полни со проблеми. Ништо не оди лесно и има постојани пречки за нормално функционирање на врската. Како што поминува времето и се смируваат страстите, кармата полека почнува да се разоткрива. Ако емоциите се премногу силни, страста може да ја задржи силата, дури и да ја зголеми, но конфликтите и расправиите се неизбежни. Во некои врски доаѓа до физичка пресметка. Војната и страста се дело на планетата Марс, па ваквите вљубеници во компаративниот хороскоп секако имаат силни аспекти со оваа планета.