ЖивотУбави совети
Рецепт за највкусната посна торта!
Ви нудиме преубав рецепт од посна торта која е именувана Варвара. Подгответе ја и уживајте во оргиналниот вкус.
Потребни состојки за пандишпанот: 1 чаша шеќер, 2 чаши брашно, 300мл вода, 1 лажиче сода бикарбона. Сето тоа добро се промешува и се додаваат три или четири лажици џем од сливи, 3 лажици зејтин и повторно добро се промешува и се става во подмачкан плех, се пече околу 15 минути на 180 степени.
Потоа се сече на три еднакви дела и се попрскува со шербет и рум.
Потребни состојки за филот: 1 маргарин со 250гр шеќер во прав се матат со миксер да се соединат. Се додава 1 лажичка рум, 200гр мелени ореви и се филува.
Одозгора полијте ја со стопено темно посно чоколадо.