ЖивотУбави совети

Подгответе карамелизиран пудинг со бадеми!

За денес одбравме супер вкусен и интересен рецепт за карамелизиран пудинг со бадеми. Измамете им насмевки на најблиските, подгответе го овој несекојдневен десерт.

Потребни состојки: 2 лимони, 8 јајца, 250гр шеќер, 1 лажица рум и 40гр бадеми.

Подготовка: Измијте ги лимоните, ставете ги во сад со млака вода и варете ги 30 минути. Потоа исечете ги на парчиња, извадете ги семките и и испасирајте ги. Матете ги јајцата со 200гр шеќер се додека не добиете пенлива смеса. Додајте ги пирето од лимон и румот. Во еден мал сад карамелизирајте го останатиот шеќер со неколку капки вода. Кога ќе зарумени префрлете го во еден калап со зафатнина од еден литар. Додајте ја смесата од лимонот, покријте го калапот и ставете го во поголем сад со вода. Печете го на 180 степени 45 минути, додавајќи малку по малку ладна вода за да не зоврие водата во садот. Во рерна потпечете ги бадемите. Ставете го пудингот да се лади во фрижидер 2 до 3 часа. декорирајте го со бадеми и сервирајте го.

Наздравје!

 

Поврзани статии

Back to top button