Посесивни и љубоморни – во емотивни и пријателски врски
Мала доза на љубомора во врските, па дури и во пријателствата е нормална појава, но има и такви кои едноставно ги јаде зависта. Астролозите веруваат дека хороскопот игра голема улога во тоа, а луѓето родени во следните три хороскопски знаци се сметаат за нај љубоморни и посесивни.
Близнаци – Со интензивна љубомора и посесивност, Близнаците ја покажуваат сопствената несигурност. Тие не се за долги врски затоа што се негативни и параноични.
Шкорпија – Песимистички се настроени и не веруваат во никого, па затоа им е тешко да одржуваат врски и пријателства. Тие се посесивни, но и агресивни и избувливи кога немаат сè под контрола.
Јарец – Тие никогаш не се задоволни од својот живот, постојано мислејќи дека другите се подобри од нив. На нив им е тешко да преживеат во врските затоа што постојано размислуваат што може да се случи и дали се доволно добри за партнерот.