ЖивотУбави совети

Смути наспроти исцеден сок: Што е поздраво?

Смути наспроти исцеден сок: Дали е навистина потребно да се направи избор?

Сигурно сте имале можност да слушнете како природните сокови имаат многу здравствени придобивки. Иако нема ништо лошо во сок од целер со малку ѓумбир, експертите веруваат дека може да им се посвети премногу внимание.

Смути наспроти цеден сок
Причината лежи во фактот што, според експертите, смути е подобра опција за повеќето од нас. Иако ова може да изненади, бидејќи смутито е побогато и затоа е покалорично.

Првиот проблем со потпирањето на соковите за здравствени придобивки е тоа што им недостасува една исклучително важна хранлива материја.

– Многу влакна се губат при процесот на цедење сок, вели диететичарката Катрин Рабес. Имено, влакната најчесто се наоѓаат во семките, пулпата и кожата на овошјето и зеленчукот, кои не се користат при цедење сокови.

На пример, кожата на овошјето и зеленчукот содржи нерастворливи влакна кои помагаат во работата на цревата, а при правењето смути во составот на напитокот влегуваат и поголема количина на влакна.

Не сите придобивки од влакната се поврзани со цревата.

– Кога цедите сок, мора да користите повеќе овошје и зеленчук за да добиете иста количина. Ова ја зголемува природната содржина на шеќер во пијалокот, објаснува Рабес и додава: Сепак, без влакна, ослободувањето на тој шеќер во крвта ќе биде помалку регулирано.

Се разбира, соковите содржат витамини и минерали, но смутињата имаат способност да задржат повеќе хранливи материи. Во една студија од 2014 година, истражувачите ги споредија количините на микронутриенти во мешаните овошни пијалоци и сокови. Тие откриле дека „соковите подготвени со комбинирање на целото овошје имаат посилно антиоксидативно дејство и содржат поголеми количини на фенол од соковите кои се подготвуваат со цедење на месестиот дел од овошјето“.

Сепак, тие откриле дека сокот од некои овошја, вклучително и јаболкото и портокалот, содржи поголеми количини на витамин Ц – што треба да се земе предвид во случај на настинка.

Покрај тоа, во смути може да додадете семе од чиа или ленено семе, кои се дополнителен извор на нерастворливи влакна кои го поддржуваат варењето, но содржат и омега-3 масни киселини.

И на крај, и соковите и смутито може да имаат место во здравата, урамнотежена исхрана (не претерувајте и доживувајте ги како еден вид десерт богат со здрави состојки). Но, ако треба да изберете – вклучете го блендерот и подгответе смути.

Поврзани статии

Back to top button