ЖивотУбави совети

Фрази кои доколку навистина искрено ги мислите треба да ги споделите со вашиот љубен…

Во денешно време се како да е превртено наопаку. Секој секому кажува „Те сакам“. Тој магичен збор како да ја изгуби својата смисла. За неколку дена врска луѓето ладнокрвно си го кажуваат, после многу години врска, па воопшто и не го кажуваат… Ние за вас одвоивме неколку фрази кои доколку навистина искрено ги мислите треба да ги споделите со вашиот љубен.

Те почитувам – Оваа реченица толку ретко се применува што луѓето ако продолжат вака ќе заборават и што значи. Да почитуваш некој е стварно богатство. Има голема тежина и предизвикува длабоки чувства повеќе од што можете да замислите. А, и кога љубовта ќе престане, почитувањето ќе остане.

Ти простувам – Нема човек кој во даден момент не погрешил. Најважно од се е покрај себе да се има човек кој умее да прости. Кога нешто партенерот ќе погреши, а вие сте спремни тоа да му го простите, кажете му гласно.

Те заштитувам – Заштитничкиот став отсекогаш имал посебно место и посебна големина во различни односи. Да се знае дека се има човек кој секогаш ќе стои заштитнички до вас е голема среќа. Кажете му, но и со дела покажете му на вашиот сакан дека вие сте неговата жена заштитничка.

Со тебе сум – Не е важно со што во животот се занимавате и што работите, но ако имате човек кој ова ќе ви го каже е многу олеснително. И кога планирате да направите ризична глупост, а и во тоа токму тој човек ве поддржува, чувајте го.

 

Поврзани статии

Back to top button