ЖивотУбави совети

5 заблуди за доењето: Генерации мајки неоправдано веруваат во некои митови

Доењето е важно и за мајката и за детето, бидејќи покрај имунитетот што го обезбедува доењето за бебето, докажано е важно и за создавање чувство на сигурност и поврзување на новороденчето со мајката.

Сепак, за него постојат бројни заблуди, а гинекологот др. Гандали Деорухкар објаснува каде грешиме во нашите ставови за доењето.

  1. Доењето е сигурна контрацепција.
    Дури и да доите исклучиво, доаѓа овулацијата и веќе три месеци по породувањето, секоја жена може повторно да забремени. Треба да го знаете ова и да се консултирате со вашиот гинеколог за најдобрата контрацепција.
  2. Не треба да доите ако имате затнати млечни жлезди.
    Најдобар начин за лекување на затнати млечни канали и стагнација на млеко е да се дои или да се измолзува што почесто за да се спречи инфекција. Пред доење ставете топла облога на градите, а доколку сепак се појави инфекција консултирајте се со лекар.
  3. Доењето ги изобличува градите неповратно.
    Градите кај жените добиваат двојно поголем волумен во текот на бременоста, а без разлика дали доите или не, нивната големина за време на бременоста ќе ги оптоварува лигаментите кои ги „држат“. Секој притисок врз нив предизвикува дополнително опуштање на кожата. Сепак, возраста, БМИ (индексот на телесна маса), како и големината на градите пред бременоста имаат најголемо влијание врз тоа како ќе изгледаат градите и дали и кога ќе се опуштат.
  1. За време на доењето, мајката треба да јаде само лесна и блага храна.
    До моментот кога храната што ја јадете се вари и се користи за производство на млеко, потенцијалните лоши елементи од неа веќе се разградени и нема да влијаат на бебето. Не е неопходно да ги менувате навиките во исхраната, но многу е важно да внесувате големи количини течности во телото за време на доењето.
  2. Пивото го стимулира производството на млеко.
    Нема докази за тоа, а алкохолот може да го намали нивото на пролактин, хормон кој му помага на телото да произведе доволно млеко. Консумацијата на алкохол не се препорачува за мајките кои дојат, според Светската здравствена организација.

Поврзани статии

Back to top button