Од насУбави муабети
Поезија за убав ден
Очај
Жежок, потен ден се свиткал
и како сач се склопил,
до небо денот се усвитил –
облаците ги стопил.
Сите модри ридје наоколу
сонцето ги избриша.
Се слуша само тешко, полека
пламен кога ќе издишат.
Ништо арно мене сега
што било не ми текнува –
мислата далеку некаде бега,
споменот часум секнува.
Да нема еден човек на светов
Од срце да ми е мил!
Колку пепелав, колку клет
животот мој ти бил.
Жежок, потен ден се свиткал,
над куќите се склопил,
до небо денот се усвитил,
облаците ги стопил.
Блаже Конески