Од насУбави муабети
Поезија за убав ден
Ноќна песна
Јас сакам сам да одам,
чудно ноќта ме пречекува,
со ѕвезди ме опсипува,
жуберка месечинска светлина,
ме опијанува,
длабока мисла, скриена мисла
од гради станува.
И кревам очи — чудна песна екна.
Ноќта ме усинува.
Да бидеш тука! Тука не час,
ѕвездена вечност поминува.
Да бидеш тука –
од сите ќe те сторам најубава!
Нејќам да видам, нејќам да знам,
песната само нека ме носи,
да ме окрилува!
Се лула небо темносино,
сешто шепина., штурка, пригласува,
жален спомен ме милува.
Дека ти мислам најарно на светов,
а ти ме нејќеш — жал ме задушува,
жал сѐ заглушува.
Блаже Конески