ЖивотУбави совети

Подгответе ладна солена торта!

Се двоумите што вкусно да ручате денес? Имаме супер интересна и вкусна идеја за вас: Ладна торта од палачинки и зеленчук.

Потребни состојки: 6 подебели палачинки, 3 тиквички, 2 модри домати, 250гр сирење, китка магдонос, 200гр црн грав од козерва, 5 големи листови босилек, 2дл сос од домати, сол и 3 лажици маслиново масло.

Измијте ги тиквиците и модрите домати и исечкајте ги на тенки кришки (0,5цм дебелина), по должина. Зачинете ги со сол и со 2 лажици масло, па оставете ги да отстојат. Варете го гравот околу 10 минути во зовриена вода. Исцедете го, оставете го да се олади и исечкајте го. Зачинете го со малку сол и една лажица масло. Намастете еден калап за правоаголна торта. Исечете ги палачинките според формата и димензиите на калапот. На дното ставете палачинка и наредете ја со сирење ситно рендано. Врз тоа ставете ред модри домати, палачинка, тиквици, листови босилек, исечкан магдонос и грав. Редете ги рамномерно палачинките и зеленчукот. Покријте го калапот и ставете го во фрижидер 20 минути. Сервирајте ја солената ладна торта со сос од домати.

Поврзани статии

Back to top button