ДомУбави совети

Фенг Шуи правила во кујната, за позитивна мисла, богатство, спокој и здравје!

Се верува дека Фенг Шуи, древната кинеска уметност на живеење и уредување, може да донесе рамнотежа и мир во нашите животи. Бидете сигурни дека треба да ја уредувате кујната според правилата на оваа вештина ако сакате живот полн со успех, здравје, богатство и среќа.

Извадете ги сите непотребни работи од кујната. Подарете ги некому, не чувајте во домот нешто што не користите.

Шпоретот секогаш треба да биде чист, токму тој претставува просперитет и рерната и ринглите секогаш треба да бидат во добра состојба, не расипани.

Ослободете го просторот над и на фрижидерот. Налепници, магнети, садови… Нека биде фрижидерот слободен. Може да залепите само неколку инспиративни цитати.

Сокријте ја кантата за ѓубре. Нека биде во некој елемент или во оставата. И секогаш нека биде затворена.

Наполнете чинија со вода. Тоа симболизира успех и изобилство, и држете ја на чиста маса или чиста површина во кујната.

Направете место за билки и растенија. Саксија или теглички со зачини, бидејќи тие донесуваат позитивна енергија во вашиот секојдневен живот.

Не ги избегнувајте боите. Колку повеќе бои, толку подобро. Исто како растенијата, боите се задолжени за внесување и одржување на позитивна енергија во кујната, но исто така и во вашиот живот.

 

 

Поврзани статии

Back to top button