ЖивотУбави совети
Подгответе вкусен ручек со само три состојки!
Ако ви е здосадено од комплицирани рецепти и од тоа да поминувате часови во кујната за да го подготвите ручек кој ќе биде специјалитет тогаш сте на вистинското место! Испробајте го овој рецепт со само неколку состојки и верувајте дека ќе стане еден од вашите омилени.
За ова гастрономско уживање потребни ви се 500 гр. пилешко филе. 1л. павлака за готвење и 2 ќесички инстнат супа од печурки.
Во стаклен сад за печење ставете го пилешкото кое претходно ќе ги исчукате и исечете на парчиња, ставете ја супата и прелијте со павлака за готвење. Печете на 200 степени додека не порумени. По желба, при крај на печењето може да изрендате кашкавал.