ЖивотУбави совети

Знаете ли се за вашето маче?

Животот со миленичиња е многу поубав отколку без… Доколку имате вдомено маче или пак ептен ги сакате, сигурно и ќе ве заинтересираат следниве факти кои мачките ги прават посебни!

На нашата планета живеат помеѓу 300 и 600 милион мачки.

На светот постојат 300 раси на кучиња, но само 70 на мачки.

Мачките можат да спијат и до 16 часа на ден.

Иако постојано се води дилема кој миленик повеќе го сакаат луѓето, дали мачето или кучето, испаѓа дека рибите се омилени според неколку опсежни студии.

Најтешката мачка на светот имала 25 килограми.

Мачките пораснати во домашна средина може да произведат 100 различни звуци.

Мачките, од сите цицачи ги имаат најголемите очи.

Мачките не можат да го осетат вкусот на благата храна.

Мозокот на мачките е покомплексен од оној на кучињата.

Порано просечниот животен век им бил околу седум години. Откако луѓето почнале да ги вдомуваат, мачките во просек живеат од 12 до 15 години.

 

Поврзани статии

Back to top button