Пет знаци кои говорат дека ни е потребна промена во исхраната
Пет знаци дека ни треба промена во исхраната:
Секој организам е различен. Затоа, при воведување на нова навика во исхраната, дури и онаа што теоретски звучи како многу здрав избор, може да се случи едноставно да не одговара на нашето тело.
Иако новата рутина можеби ни е препорачана од експерт – нутриционист или пријател кој се колне дека се чувствува одлично откако го применил во неговото дневно мени, тоа не значи дека е подеднакво корисно и за нас.
Како ги препознаваме знаците за предупредување?
- Често губите конторла и јадете повеќе од што ви се јаде.
- Не се чувствувате добро и спремно физички.
- Постојано размислувате за храна.
- Морате постојано да се враќате од почеток, прекршувате некои дневни правила кои сте си ги задале за исхраната.
- Чувствувате вина кога ќе изедете нешто нездраво.
Не заборавајте, балансот е најважниот чекор за здрава исхрана. Јадете почесто, помали количини. Пијте вода минимум 2л на ден. Газираните сокови заменете ги со незасладен чај. Овошјето и зеленчукот внесете ги во секојдневието. Силата сама ќе дојде, физички активирајте се постепено.