ЖивотУбави совети

Колку тајни крие просечен човек?

Сте се запрашале ли некогаш колку тајни остануваат засекогаш скриени?

Ново истражување откри дека една просечна личност чува 13 тајни, од нив 5 се тајни кои не ги знае никој жив. И не е само тајната она што вас ве прогонува, туку силната ментална енергија која ја трошите додека размислувате за неа.

Научниците утврдиле дека тежината од тајната може да делува на вас, на начин на кој никогаш досега не сте помислувале дека може. Некои луѓе се чувствуваат навистина физички и психички уморни кога чуваат големи тајни. Професорот Мајкл Слепиан од Универзитетот Колумбија вели дека неговото истражување покажало како тајните често излегуваат на површина кога сме сами, отколку во друштво, па затоа трошиме огромно количество енергија, размислувајќи како да ги сокриеме.

Што се однесува до тоа какви видови на тајни кријат луѓето, научниците велат дека тајните најчесто се околу неверства, финансиски неправилности, семејсни односи и кражби.

Поврзани статии

Back to top button