ЖивотУбави совети

Најбрзиот и наједноставниот колач!

Ви се јаде нешто слатко? Супер вкусен и брз рецепт за колач за вас и вашето семејство.

Потребни состојки:
5 јајца
100 гр шеќер
5 полни лажици брашно
1 лажичка прашок за пециво
70 мл масло
кора од лимон по желба
џем од кајсии или било кој
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додава брашното со прашокот за пециво, кората од лимон, маслото и се изедначува смесата, мешајќи. Обложете го садот за печење со хартија за печење и префрлете го тестото и израмнете го. Се пече на 200 степени околу 15 минути да заруменат. Префрлете го на крпа и завиткајте го додека да се олади.

Кога малку ќе се излади, одвртете го, премачкајте го со џем и повторно завиткајте го. Посипете го со шеќер во прав. Се сече на коцки.

Поврзани статии

Back to top button