Ослободете се од подочниците!
Подочниците се проблем кај многу жени. Но, треба да знаете дека постојат неколку начини како да се ослободите од здодевните вреќички или темни кругови под очите. Ги одбравме најефикасните:
Спијте повеќе!
Иако некои луѓе имаат генетски предиспозиции за појава на подочници колку и да спијат, дерматолозите тврдат дека квалитетниот сон помага во борбата со темните кругови под очите. Внимавајте и на внесувањето на премногу сол и алкохол во организмот бидејќи тие ги задржуваат течностите во телото, па следствено на тоа се појавуваат подочниците.
Користете капки за очи!
Чешањето, пецкањето на очите или алергиите можат да бидат причина за појава на подочници. Затоа, одвреме – навреме користете капки за прочистување на окото и капки за вештачки солзи.
Употребувајте крем за очи!
Со помош на дерматолог, одберете ја вистинската крема за околу очи која ќе ве спаси од подочниците и ситните брчки. Препорачливи се кремите кои ссодржат хијалорунска киселина, колаген, ретинол, глицерин и витамин Ц.
Набавете квалитетен коректор!
Кога станува збор за коректор околу очите, немојте да ги жалите парите. Одберете квалитетен со хранливи состојки кој освен што ќе ги покрива подочниците, ќе помогне и во нивното намалување.