Овесна каша со путер од кикирики – за совршен почеток на денот
Овесот, кој за кратко време стана кралот на здрав појадок, е одличен за варење, полн со витамини и минерали, па затоа не е изненадувачки што е клучен дел од многу каши и слични комбинации со кои голем број луѓе го започнуваат денот.
Путерот од кикирики е енергетски интензивна храна. Богат е со хранливи материи. Содржи витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, витамин Б6, кој служи за зајакнување на имунитетот на организмот. Покрај тоа, путерот од кикирики содржи магнезиум и калиум, кои се неизбежни за здрави мускули и коски. Иако содржи голем број калории, тој е богат со растителни влакна и протеини, што ќе направи да се чувствувате сити подолго време. Ова ќе ви помогне да изгубите тежина, поточно, ќе спречи прејадување.
Рецепт за идеален, здрав и вкусен појадок:
Потребни состојки: 120мл бадемово млеко, 50гр овесни снегулки, 1/2 лажичка чиа семе, 1 лажичка мед и 2 лажички путер од кикирики.
Во сад измешајте бадемово млеко, чие семе, путер и мед. Додадете овесни снегулки и добро измешајте. Покријте со фолија и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер. Наутро, по желба може да додадете овошје, бадеми, кикирики или семки од сончоглед и тиква.
Уживајте!