ЖивотУбави совети

Некои лоши навики можеби и не се толку лоши!

По некое непишано правило навиките ги делиме на добри и лоши.

Сепак, меѓу лошите има некои што се добри за вас.

Одолговлекување

Живееме во време кога постојано трчаме и не сфаќаме колку сме уморни и напнати. Затоа, понекогаш најдобрата работа која може да ја направите е да ги оставите нештата за утре и добро да се одморите денес!

Досадување

Ако ви е досадно значи имате вишок слободно време и наздравете за тоа со вашиот омилен пијалак. Многумина би дале се за да имаат слободно време!

Одбивање

Од малечки не учеле дека одбивањето е себичен чин. Но, колку пати сте биле напнати затоа што сте прифатиле некоја обврска или сте направиле некому некаква услуга?

Губење на трпение

Постојано се трудите да конролирате емоции… Но, има ситуации кога треба да си олесните. Ако ви доаѓаат солзи на очи, исплачете се, здраво е за вас!

Сонување со отворени очи

Ваквата навика не е карактеристична за мрзеливите, туку за креативните. Всушност, најдобриот начин за да го одморите умот е да го пуштите некаде далеку на некоја егзотична дестинација.

Долго спиење

Пратете го своето тело, ако му е потребен сон, дајте му го. И немојте да имате грижа на совест за тоа што за викенд спиете до пладне!

Поврзани статии

Back to top button