Ослабете 12 килограми за четири недели
Оваа диета е идеална рамнотежа на зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, риба и посно месо.
Благодарение на оваа диета богата со бројни хранливи материи, маснотиите максимално согоруваат и овозможуваат здравјето да достигне оптимални нивоа.
Овој план на исхрана, освен за слабеење, ја подобрува работата на тироидо-дигестивниот тракт и е корисен за здравјето. Ослабете 12 килограми за четири недели.
Формула 70:30
Најдобри резултати од диетата се постигнуваат ако го планираме менито така што секојдневно јадеме 70 отсто растителна храна и 30 отсто протеинска храна.
Фаза 1
Веднаш воведете радикални промени во менито, а не постепени. Заборавете на шеќерот и јаглехидратите. Јадете свеж зеленчук, но не и компири. Јадете малку овошје (најмногу бобинки), јаткасти плодови и семки, посно месо, домашни јајца и маслиново масло. Фазата трае две недели.
Фаза 2
Менито останува исто, но почнете да запишувате апсолутно се што сте јаделе во текот на денот. Ќе изгубите шест килограми.
Фаза 3
Во исхраната можете да вклучите неколку мешунки, цели зрна, до два алкохолни пијалоци неделно. Не смеете слатки. Оваа фаза трае две недели.
Фаза 4
Започнете, ако веќе не сте, вежбајте. Менито е како во третата фаза и продолжете да запишувате што сте јаделе.
Пример мени:
Појадок: изматени јајца од две јајца со кромид, пиперки, кељ, зеленчук и зелен чај.
Ручек: мешана салата и јаболко.
Ужина: хумус со целер или грст јаткасти плодови.
Вечера: Бело месо на скара со брокула на пареа, пиперка и салата од свеж зеленчук.