Освежителен и брз десерт со банани и јагоди!
Ептен брзо и лесно ќе го подготвите овој превкусен десерт. Многу е освежителен и е совршен за летните денови. Споделете го со најблиските и уживајте!
Потребни состојки:
600 мл млеко
1 пудинг со вкус на банана
4 лажици шеќер
1 голема банана
Неколку свежи јагоди
Неколку бисквити
Прашокот пудинг разматете го со неколку лажици ладно млеко, а останатиот дел од млекото ставете го да зоврие со 4 лажици шеќер. Од кога ќе зоврие додадете ја смесата за пудинг во топлото млеко и мешајте додека не се згусти. Бисквитите изрдобете ги, а овошјето исецкајте го на тенки кругчиња. Во стаклени здели за сервирање неизменично ставајте ред пудинг, ред овошје, се додека не ја истрошите целата количина. Оладете го десертот на собна температура, потоа ставете го фрижидер, па конзумирајте го ладен и вкусен!
За љубителите на чоколадниот вкус предлагаме да направат и чоколаден пудинг па одозгора да прелијат со него.