Она што не го знаете за хороскопските знаци…
Која е најтемната страна на секој хороскопоски знак? Или она за кое малку се зборува…
Овен- Личностите во овој знак може да делуваат како авантуристи кои сакаат предизвици, но најчесто длабоко во себе се многу плашливи. Бик- Биковите се лоши во флертување. Но, ако им го простите тоа ќе ве маѓепсаат со нивната романтика и слатка душа. Близнаци- Близнациите имаат една мана: бавно читаат. Тоа не е така затоа што се помалку паметни, туку затоа што анализираат. Рак- Иако делуваат слатко и симпатично, тие многу критикуваат. И многу озборуваат. Лав- Иако делуваат арогантни, тие се несигурни и имаат потреба да бидат прифатени од светот. Девица- Би направиле се за своите пријатели, дури и по цена да треба да заборават на себе. Вага- Иако делуваат студено, во нив тлее оган од прашања кои им ја разнишуваат самодовербата, особено кога се на љубовен состанок. Скорпија- Знаат да бидат манипулатори. Се одмаздуваат. Со нив никогаш не е лесно. Стрелец- Тие се омилени во друштвото и сите ги сакаат, но Стрелците баш и не умеат да сакаат. Јарец- Сакаат да бидат главни и секогаш имаат наредба за тоа што треба да правиш во животот. Водолија- Тие се мрзеливи и неодлучни. Сакаат да се излежуваат и знаат да бидат чудни. Риби- Делуваат повлечено, а плачат долго кога се сами. Кога се повредени, им се чини дека е крај на светот.