ЖивотУбави совети

Одвикнувањето од пелени не мора да биде мачно!

Изгледа како да сте ја промениле првата пелена на вашето бебе вчера а денес треба да се ослободите од неа. Пролетта и летото се совршено време кога можете лесно да го направите тоа. Не постои одредена возраст во која бебињата треба да се ослободат од пелени, но најчестата возраст кога ќе можете да почнете да ги одвикнувате е околу година и половина до две години, иако некои деца нема да бидат подготвени да се откажат од пелените до третата или четвртата година од животот.

Многу е важно да се обидете сами да оцените дали вашето дете е ментално подготвено да се откаже. Исто така, речиси е невозможно да се процени колку вашето дете ќе треба да научи да ја контролира големата и малата потреба. На некои деца им требаат само неколку дена, а други и по  неколку месеци, но не грижете се, секое дете ќе се одвикне од пелени порано или подоцна.

За да не ги изгубите нервите во оваа многу важна задача во животот на вашето дете, подготвивме неколку корисни совети.

Проценете ја подготвеноста на вашето дете – Како што веќе напоменавме, повеќето деца ќе бидат подготвени да ги соблечат пелените на свои две години, но некои деца ќе бидат подготвени од четвртата година. За да можете да ја процените подготвеноста на вашето дете, гледајте сигнали како што се имитирање на децата од вашите навики да одат во тоалет и слично. Што е најважно, не го присилувајте детето ако не е подготвено, бидејќи може да предизвика повеќе штета отколку добро.

Купете право “опрема” – Ова се однесува на детско нокширче или на детска даска за на тоалетна школка. За што и да се одлучите, многу е важно да детето може комотно да седи и да е стабилно на нозе, со цел да се движи или да се подигне на школката кога ќе има потреба (детска скаличка до школката е исто така од помош). Како за почеток ќе мора да бидете присутни до детето а потоа може да го навикнете да гледа сликовница додека е на вц школката.

 

Направете рутина – За децата да научат да одат во тоалет обидете се да им создадете рутина како после појадок, ручек, вечера, пред капење, пред одење на спиење…  Никако немојте на сила да го седнувате детете, особено ако тоа изгледа исплашено и збунето.

Збогувајте се со пелените – Доколку не го оставите детето да биде без пелени никако нема да можете да го научите да ја користи вц школката. Почекајте детето да биде подготвено и да покаже интерес за користење на вц школката.

Внимателно и со трпени објаснете му го процесот на вашето дете – не очекувајте дека тоа ќе знае како да се однесува и што треба да прави.

Пелени за ноќ – Во почетокот на процесот пелените нека ви служат само преку ноќта, додека бебето спие, за да не му го нарушите сонот.

Поврзани статии

Back to top button