ЖивотУбави совети

Направи сам: шампон за суво миење на коса

Шампоните за суво миење на коса се одлично решение во ситуации кога не можеме да ја измиеме косата или едноставно само сакаме да ја освежиме.

Овој шампон го освежува изгледот на валканата коса со апсорпција на масти акумулирани на косата на главата.

Еве како да го направите:

Потребни состојки:

за бринети: бебешка талк пудра и какао
за црвенокоси: бебешка талк пудра и цимет
за русокоси: бебешка талк пудра и неколку капки есенцијално масло од лимон
Подготовка:

Изберете состојки во зависност од бојата на вашата коса, а потоа измешајте ги во шишенце од талк и затворете го капакот.
Протресете го шишето пред секоја употреба на шампонот за да направите состојките да се соединат убаво. Попрскајте по косата пред самото излегување.

Поврзани статии

Back to top button