Од насУбави муабети

Постои некоја чудна, неопислива убавина во саботните утра!

Имам навика во сабота да се будам рано, иако немам никакви обврски. Дури и порано од тоа што вообичаено се будам во текот на работната недела.

Постои некоја чудна, неопислива убавина во саботните утра. Во подготвувањето на кафето баш по моја мерка, без брзање. Во миговите додека го пијам тоа кафе, на тераса, полека будејќи се со градот, вкусувајќи ја пролетта со сите нејзини прекраснотии, галејќи се со ветрот, уживајќи во тишината.

Сметам дека од сите кафиња на светов, саботното е најубаво. Од сите кафиња во неделата, саботното е најважно. Затоа што сред хаосот на обврските и гласните луѓе околу мене, тоа е единствениот час на време кога сама со себе ми е најубавото друштво. Тоа е часот кога можам да размислувам за сегашноста, да сонувам за иднината… Тоа е време кога воспоставувам ред во мислите и хармонија во душата. Оти важно е човек да е во хармонија со себе, со разбистрен ум и мирно срце. Да знае каде цели, кого сака, со кого не може, за што мечтае…

Овде ве оставам, одам да се дружам со кафето по моја мерка!

 

Поврзани статии

Back to top button