Убави вести

Од први октомври стартува патувачка изложба на уметницата Дороти Пачкова!

1 октомври (понеделник), со почеток во 18.30ч., во ИКАР КАТ во Охрид ќе биде отворена изложбата со наслов „УШТЕ ШТО ДРУГО СУМ ОСВЕН ШТО СУМ КАНЦЕР НА ОПШТЕСТВОТО“, на прогресивната уметница ДОРОТИ ПАЧКОВА.

Ова е нејзина седма (7) самостојна изложба и е поттикната од стигматизирачките, дискриминирачки и стереотипизирани навреди упатувани кон жените, посебно кон жените самохрани мајки.

“TRANSCENDENT FEMINISM” https://www.facebook.com/events/463383220825368/?active_tab=about

Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара полиња и сфери кои порано не постоеја/не беа на дневен ред за дискусија и преобмислување, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап.

Главната цел на овој мал, патувачки проект е да направи “game change” во перцепцијата и самопепрцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл мајки.

Претендирајќи дека една жена може/е успешна, целејќи да ја извади од улогата на жртва, лузерство, неуспех, самосожалување и не давање на шанси за подобар живот на себе и на своите деца.
Дополнително има за цел, да и претстави на пошироката публика какви се способности може да имаат жените, и посебно – да еманципира дека сингл мајките не се канцер на општествата. (како што можеме да читаме ако просрчаме со овие зборчиња на Google)
Воедно се надева дека ќе ги поттикне и мотивира и донесувачите на одлуки за јавните родови политики кои ги опфаќаат/кои се однесуваат на жените сингл мајки, да излезат од игнорантската позиција, после 27 години и кон целната група да одговорат според нивните специфични начини на дејствување и живеење, кои им ги наметнуваат семејните околности.
Со ваков вид на позитивна акција/афирмација, се отвараат нови перспективи и се детабуизира, се дестигматизира и унапредува позицијата на сингл мајките, а и се мотивираат сите жени, со и без деца и од различни типови на семејни конструкти.

Исто така, проектот сака да создаде ефективен круг на феминистичко уметничка, конструктивно критична маса, што е пак помала подгрупа во големата сфера на феминистичка теорија која ги истражува дискриминацијата, сексуалната објективизација, угнетувањето, патријахалноста стереотипизирањето и слични родови проблеми.
Вака се создава потенцијална можност за идни инклузивни, здружени соработки, кои организирано ќе третираат уметничко-културни-родови предизвици.

Проектот го формираат 20 концептуални фотографии, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие. Фотографиите референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и преку перспектива на сингл мајчинство.
Фотографиите се свесно доведени до радикално нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно матрикс.

Изложбата е мала и патувачка, и ќе биде поставена во најмногу 5 града, почнувајќи од:

1 Октомври, Охрид-@Икар Хат, (кај Ilina Arsova)
3 Октомври, Струга-Музеј на Струга Никола незлобнински, Галерија Вангел Коџоман, а до крајот на месецот и во
Тетово-Музеј на Тетово-Галерија,
Штип – Дом на млади,
Битола – Младински културен центар – галериски простор,

Дел од изложбите се поставуваат во државни галерии и музеи, дел во јавен простор а дел во приватен имот, со цел да се нагласи идеата дека местото на жената е каде таа ќе одлучи и ако сака – секаде, и во приватната и во јавната и културна сфера.

На секоја изложба, се собираат податоци од посетителите/ките, со цел да се започне со архива на заинтересирани за феминистичко критичко конструктивна уметност.

“A photograph should transcend itself, the image its medium, in order to have its own presence” (Sherman, Statement 926).

Проектот е во интелектуална сопственост на осмислувачката, Doroti Pachkova а се создава со поддршка на Министерство за култура / Ministria e Kulturës, и експертска колаборација со дела од неколку фотографи/ки и повеќе дела од автономната фотографка, избрана на неформален јавен повик, Leni von Geleva (Наташа Гелевска)

Бидете слободни и свои,
со љубов,

Дороти

Поврзани статии

Back to top button