Овие жени се навистина среќни, иако не се свесни за тоа!
Сè уште гледате на вашиот сингл статус како на нешто лошо?
Сега е време да престане, бидејќи, ако само на кратко се погледнете во огледало, ќе сфатите дека пред вас стои попаметна, посилна, поискусна и посигурна жена отколку кога било досега.
Бројни студии покажале дека жените кога станува збор за љубов во доцните дваесетти и триесетти години, ја менува сликата за идеален партнер и тогаш тие знаат што сакаат од животот и љубовта.
Еве зошто твојот сингл живот во касните дваесетти години воопшто не е лош. Кој знае, можеби овој текст за многумина ќе биде поттикнување за конечно да излезат од врската во која не се сосема задоволни и среќни.
1. Можете да направите се што сакате, со кого сакате и секогаш кога сакате
2. Паметно одбирате со кого ќе излезете и ќе ја поминете ноќта
3. Подобро ќе се поврзете со вашите пријатели и роднини
4. Секогаш ќе имате време за себе и за своите приоритети
5. Можете во целост да и се посветите на вашата кариера и да се надоградувате и психички и физички повеќе од било кога.
6. Себично да ги штедите вашите пари и да планирате иднина.
7. Можете да учите од туѓи грешки и туѓи животни љубовни приказни.
8. Партнерот кој ќе го одберете на 30 ќе биде баш по ваша мерка, оти веќе знаете што треба да поседува а што не оној вистинскиот маж.
9. Во врската ќе влезете како способна, самоуверена и самостојна жена. Нема да зависите од никој и ништо.
10. Вие веќе знаете дека среќа се создава, не паѓа од небо.