Ова се 4те книги кои ги имам прочитано и ги препорачивам на секој
Ова се 4те книги кои ги имам прочитано и ги препорачивам на секој, било голем читач и љубител на книги, било на некој кој само онака понекогаш ќе земе книга од библиотека.
Прва која најмногу ја обожавам и во која се вљубив и ме остави без здив е Замка од писателкара Мелани Рабе. Во книгата се зборува за писателката Линда Конрадс која е мистерија за читателите и медиумите, бидејќи живее повлечено од надворешниот свет. И покрај сите проблеми кои ги има таа е прилично успешна писателка. Таа одлучува да напише трилер за смртта на нејзината сестра Ана и со книгата да му даде до знаење на убиецот дека ја знае вистината.
Втора ја препорачувам Кери од Стивен Кинг која исто така ме остави без здив. Овој роман е хорор но сепак остава без здив и верувам дека секој љубител на хорор треба да го прочита, и дека ќе го засака. Кери Вајт е тинејџерка со умствени моќи, но и доминантна побожна мајка.
Трета книга која ја препорачувам е Страв од вистината од нашиот писател Александар Николовски. Оваа книга не тера да сватиме дека никогаш не треба да лажеме, туку само да ја кажуваме вистината. И дека никогаш не треба да се плашиме и да имаме страв од вистината. Туку треба да се соочиме со неа.
Четврта книга која ја препорачувам е Крадачка на книги од писателот Маркус Зусак. Деветгодишната Лизел живее со своето старателско семејство во улицата Химел. Родителите и се одведени во концентрационен логор. Лизел краде книги. Ова е нејзината приказна и приказната за жителите од нејзината улиа, кога бомбите ќе започнат да паѓаат. Тоа е приказна за девојче, хармоникаш, некои фанатични германци, еврејки боксер и навистина многу крадење. Би требало да знаете уште нешто: СМРТТА три пати ќе ја посети крадачката на книги.
Даниела Стојановска