ЖивотУбави совети

Неодолива салата која заменува ручек

Ви нудиме еден одличен рецепт за салата која е варијанта на Цезар салатата, но многу повкусна и побогата. Пробајте ја уште денес!

Потребни ви се следниве намирници:

  • за салата: 500 гр. тестенини (одберете ситни макарони), 300 гр кељ, 200 гр. чадено пилешко филе сецкано на коцки, 400 гр мали домати или шери домати, 1 лажица маслиново масло, сол и црна бибер и ренадан пармезан
  • за преливот: лажица лук во прав, десет лажици мајонез, 4 лажици сок од лимон, 1 лажица сенф, оригано, сол и биберж

Во солена вода сварете ги тестенините, а при крај на варењето додадете го и кељот. Настрана, исецкајте ги доматите, посолете ги и попарете ги со врела вода. Оставете ги неколку минути, па заедно со кељот и тестенините ставете ги во сад за печење и печете ги на 200 степени околу 10 минути. Оставете ги да се изладат.

Настрана, во блендер ставете ги сите состојки за преливот и блендирајте се додека не добиете изедначена и течна смеса. Ваквиот прелив може да го употребувате и за други саклати доколку го чувате во фрижидер, во добро затворена тегла и го употребите во период од две недели.

Во голема чинија, ставете го пилешкото, оладените тестенини, кељ и домати, ставете сол и бибер, па добро измешајте. Одзогора посипете со преливот.

Поврзани статии

Back to top button