Некои расправии најавуваат дека се ближи крајот на врската
Во секоја врска има расправии и тоа не е нешто од кое треба да се срамиме. Расправиите често ни помагаат да ги изнесеме на виделина сите проблеми кои ги чуваме длабоко во нас. Меѓутоа, проблемите од кои настануваат расправиите не смееме да ги буткаме под тепих и мора веднаш да ги решаваме за да не се повторуваат расправиите. Во продолжение список од најкатастрофални расправии и помош како да ги решите.
Доколку се расправате за:
Финансии – според статистиките парите се на прво место на листата причини за расправии. Кнап сте со финансии и одвај врзувате крај со крај а вашиот партнер постојано троши пари на непотребани ситници и задоволства. Заради тоа може да се чувствувате повредено и измамено.
Како ќе се носите со проблемот зависи од финансиската криза, но преку овој проблем не смеете да поминете лесно. Доколку вие сте способни да се жртвувате и да не трошите непотребно зошто да не е и тој? Разговарајте отворено и поставете ултиматум, не двоумете се. Тој не е мало дете, и не смее да се однесува така.
Фамилија – никој не е совршен па така не се ни членовите од нашите семејства. Нормално е понекогаш да ги искритикувате родителите на партнерот, но морате да ги почитувате и сакате и покрај се. Тој не смее да си дозволи да влегува во расправии со вашите родители. Ако се сакате вие двајца, ќе си ги сакате и почитувате и фамилиите од кои потекнувате.
Домашни обврски – Доколку целата работа во домот е на едниот партнер нормално е да има расправии на таа тема. Двајцата живеете во тој дом, двајцата треба да се грижите за него. Не е во ред да одите да раскревате по него како по мало дете, тој исто колку и вие треба да учествува во одржувањето на домот.
Секс – во тек на интимните моменти се ноѓаме во најосетлива положба. Треба да внимавате што изговарате и со кој тон настапувате кога сакате да кажете дека нешто не ви одговара. Многу лесно можете да ја срушите неговата самодоверба ако сексуалните проблеми ги решавате во креветот.
Изглед, интелигенција, карактер… – зборовите кажани за време на расправија не се забораваат лесно. Затоа избегнувајте коментари на сметка на партнерот. Понекогаш, во лутина кажуваме работи кои не ги мислиме, сакаме да го повредиме партнерот само затоа што тој не повредил нас. И, тоа воопшто не е во ред. Не води на добро. Кога ќе ви излета таков коментар, извинете се и кажете дека сте го кажале во лутина и од инает. Истото очекувајте го и од партнерот и немојте да толерирате навреди и понижувања.