ЖивотУбави совети

Ручек кој ќе биде готов за 15 минути

Како да направите вкусен ручек кој нема да ви одземе многу време? Ние го имаме решението!

Потребни ви се: 650 гр. пилешки прсти, 3 лажици маслиново масло, 200 гр. брокула, 1 исецкана тиквица, малку сецкан спанаќ, 2 лажици сок од лимон, 4 лажици павлака и 2 лажици мајонез, сол, оригано и црна бибер.

Во еден сад измешајте ги павлката, мајонезот и зачините. Во загреана тава ставете го маслото и почнете да ги пржите пилешките прсти. Додадете ги брокулите, тиквицата и спанажот и добро измешајте. Кон крајот на пржењето додадете ја смесата од павлака, мајонез и зачини, а откако ќе тргнете од оган додадете го лимоновиот сок и добро промешајте.

Поврзани статии

Back to top button