ЖивотУбави совети

Највкусниот домашен ликер!

Трнинки – во прашање е дива слива чии темносини зрнца созреваат од август до октомври, но тогаш се со недозреан вкус. Дури презреани и неколку пати смрзнати зрнцата стануваат многу вкусни и добри за јадење. За консумација во свежа состојба најпогодни се од ноември до дeкември. Иделани се да се користат за сирупи, џемови и ликери.

Рецепт за ликер од трнинки: 1,5 кг трнинки, 3 литри вода, околу 500 гр шеќер, 1/2 литар домашна ракија и една кесичка ванилин шеќер. Добро измиените трнинки ставете ги во тенџере. Додадете ја водата и варете околу 15 минути, се додека трнинките не омекнат. Колку што ќе добиете течност по пасирањето толку шеќер е потребно да додадете. Потоа додадете ги ракијата и ванилиниот шеќер, убаво измешајте и ставете ја смесата во стаклени шишиња. Оставете да отстои од три до четири недели на суво и ладно место а потоа исцедете го.

Овој ликер е ептен вкусен, но не претерувајте, доволни се чашка до две!

Поврзани статии

Back to top button