ЖивотУбави совети

Најчестите детски лаги на кои „паѓаат“ родителите

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, вашите деца кога се на возраст кога одат во градинка почнуваат да лажат помалку или повеќе. Понекогаш се работи за безопасни лаги, кои децата ги кажуваат без многу размислување, а понекогаш лагите навистина можете да не ги забележите затоа што успеале многу добро да ве измамат. Повеќе од половина од детските лаги воопшто не ги откриваат родителите, потврдува една неодамнешна студија. Тоа би значело дека верувате во нивниот збор повеќе од 50%, иако тие користеле лаги. Овој пат, решивме да откриеме една мистерија што се крие под превезот на детските лаги. Некои од примерите ќе ве насмеат до солзи, а некои ќе ве натераат да си кажете – ме прелажа малото!

Ако купиме куче јас ќе се грижам за него, ќе го хранам и ќе го шетам редовно – Каква лага! Децата го кажуваат ова скоро инстинктивно и вие секогаш верувате, бидејќи во длабочините на вашата душа се надевате дека навистина ќе биде така. Сепак, сè додека тие се под ваш покрив, вие сте одговорни за хранење на нивните миленици и за какви било дополнителни активности околу нив.

Наставникот се уште не ги прегледал тестовите – Ах, па колку време им треба да прегледаат 20 теста. Кога ќе го слушнете вашето дете како ги изговара овие мали лаги, тоа всушност се обидува да добие на време, да не пријави лоша оценка, со цел да ја поправи во меѓувреме.

Ако ми го дозволите ова што сега го барам ветувам дека веќе ништо друго нема да побарам – Јасно ви е дека во оваа реченица нема ни трошка вистина, но како да е посилно од вас и се согласувате секој пат… Без разлика дали станува збор за слатки, гледање цртани филмови или сладолед пред ручек.

Не почнав јас, тој прв почна – Нема дете на светот кое ќе признае дека прво започнало расправија или тепачка со неговиот брат или сестра. И иако не ве интересира кој прв го започнал тоа, детето потајно се надева дека со оваа реченица ќе го избегне вашиот гнев.

Мислам дека сум болен, ајде да не одам на училиште – Кога ќе ја слушнете оваа реченица, знајте дека во училиштето има тест или испражување за кое вашето дете не е подготвено. Имате две опции во тој поглед, да „паднете“ на неговите лаги или да ја уништите неговата последна надеж да излезе од ситуација во која ќе добие лоша оценка.

Но, мама рече дека смеам – Класична лага што ја користат ученици од основно училиште. Кога едниот родител е тука, оној што не е тука наводно дозволил нешто што родителот кој е тука не го дозволува…

Се разбира дека јадам сè за ручек во градинка или во целодневна – Бебешка лага што ја користат малите деце. Чинијата полна со манџа – секако дека не ја ни вкусија, а камоли да ја изедат, а најдобриот показател дека детето ве излажало е дека постојано ќе душка низ кујната кога ќе се вратите дома, со нетрпение ќе ја чека вечерата.

Поврзани статии

Back to top button