ЖивотУбави совети

На вашата тераса можете да одгледувате сочни јагоди, еве како

Јагодите се една од главните причини зошто луѓето се радуваат на крајот на пролетта и почетокот на летото. Ова сочно црвено овошје во форма на срце, без разлика дали се јаде свежо или како состојка во колачи, на многумина им е омилено овошје и сите со задоволство уживаат во неговиот вкус. Одгледувањето јагоди воопшто не е тешко, а и да немате двор или градина, можете да ги одгледувате, бидејќи доста добро растат во поголема саксија. Затоа, ако сакате свежи јагоди, за кои знаете дека не се прскани со пестициди, само засукајте ги ракавите малку. Верувајте, ќе ви се исплати штом ќе го помирисате ова сочно овошје.

Јагодите не пуштаат длабоки корени, така што речиси секоја саксија е погодна за нивно садење. Покрај саксии, можете да користите и стари лименки, тенџериња и други садови.  Тие напредуваат дури и во висечки саксии, што исто така изгледа многу декоративно.

Кога се садат?

Доколку ги чувате на отворено, доцната пролет е идеално време, но доколку планирате да ги чувате во затворен простор, можете да ги засадите во секое време.

Како се садат?

Пред садење јагоди, додадете ѓубриво во почвата, во опсег од 5,3 – 6,5. Ѓубриво треба да се додава секој месец, а три пати месечно во периодот на цветање.

Идеалното ѓубриво е богато со калиум. За одгледување на јагоди, многу е важно почвата да биде добро изработена.

Доколку користите семе од јагоди, задолжително користете квалитетна смеса која содржи компост, наводнете ја и оставете ја добро да се исцеди пред садење.

Корените исечете ги вертикално на околу десет сантиметри и оставете го да отстои околу еден час во вода, а потоа засадете го. Стеблото не смее да биде покриено со земја, туку на негово ниво.

Поврзани статии

Back to top button