ЖивотУбави совети
Леб без брашно е совршена идеја за оние кои не сакаат некое килце плус!
Во денешно време сите стравуваат од дебелеење, од глутенски реакции, од дијабетес и од останатите болести на ова време. Оставете ги стравовите позади вас и направете леб кој не дебелее, а истовремено е превкусен. Брашно нема да ви е потребно!
Состојки:
4 јајца
100мл вода
90гр ореви
90гр ленено семе
90гр семки од сончоглед
90гр сусам
90гр семки од тиква
половина лажичка сода бикарбона
малку сол
Изматете ги јајцата и додадете ја солта, содата и водата. Потоа измешајте ги сите семиња како тесто и смесете леб. Во загреана ренрна на 180степени печете околу 50минути. Наздравје!