Sky Lady Jewellery – рачни изработки полни љубов и креативност!
На Инстаграм профилот Sky Lady Jewellery наидовме на интересен накит, поточно рачно изработени обетки, алки и ланчиња. Изработките, кои што се од бисерчиња и монистри, на еден симпатичен начин го збогатуваат секој моден аутфит.
Накитот е како перфектен зачин кој го комплетира модниот аутфит на секоја дама.
Покрај сите парчиња облека, обувки, фризура и шминка, не смееме да го заборавиме накитот, како задолжител моден додаток особено ако сакаме да изгледаме средено, светски и впечатливо. Рачно изработениот накит од Sky Lady Jewellery претставува вистински значаен подарок за вас или за ваша блиска личност кој ќе го чувате и цените години наредни.
Сите веќе добро знаеме колку љубов, внимание, труд и креативност е потребна за рачни изработки од секој тип. Па ајде заедно да го поддржиме овој мал бизнис со заследување на Фејсбук и Инстаграм и со правење нарачка која ќе биде доставена до домашна адреса.