ЖивотУбави совети

Со темно чоколадо до подобра циркулација!

Грчките научници откриле дека чоколадото овозможува ширење на крвните садови и го спречува настанувањето на штетни грутки.

Научниците од Медицинскиот факултет во Атина на состанок со Европското друштво на кардиолози рекле дека 100гр темно чоколадо ја подобрува функцијата на крвните садови кај здравите млади лица за мајмалку 3 часа.

Заштитните својства на темното чоколадо, кое содржи големо количество флавоноиди, се познати вече некое време, но најновото истражување покажало дека темното чоколадо ја подобрува работата на ендотелот, текниот слој што ја прекрива внатрешноста на крвните садови.

Пред неколку години италијанските и британските научници откриле дека обичното чоколадо го зголемува нивото на антиоксидансите во крвта за речиси 20%. Меѓуто, млечното чоколадо нема такво дејство, веројатно поради тоа што млекото го попречува процесот на апсорпција.

Поврзани статии

Back to top button