Колку желби би посакале од златна рипка?
За вас одбравме неколку забавни и смешни вицеви со златната рипка кои ќе ве насмеат до солзи!
Биле Џемо и Трпе на риболов, и фатиле златна рипка:
Пуштете ме ве молам, ќе ви исполнам на двајцата по една желба.
Џемо: Е па, добро тогаш, ај на земјава само жени да има.
Трпе: Алал да ти Џемо, ај ти сега педер да станеш!
Грк фаќа златна рипка и таа му вели:
Пушти ме и ќе ти исполнам 1 желба.
Сакам да ја победиме ФИРОМ во кошарка!
Извини, но посакуваш 2 желби.
Фатил некој селанец златна рипка и оваа му рекла :
Добар селанецу, пушти ме и ќе ти исполнам три желби.
На кого бе ти селанец – рекол овој и ја задавил.
Си биле три жени да наполнат вода на река и фатиле златна Рипка.
Златна Рипка: Ако ме пуштите ќе ви исполнам на сите по една зелба.
1 жена : Мене сакам да ме направиш попаметна од овие две! – и рипката ја направила попаметна.
2 жена : Мене сакам да ме направиш двапати попаметна од првата жена! – и рипката ја направила 2-пати попаметна.
3 жена : Мене сакам да ме направиш 1000 пати попаметна од другите 2 жени! – и рипката ја направила да биде маж.
Фатил Цветко златна рипка.
Рипкава му рекла: можам да ти исполнам само една желба, која желба сакаш да ти ја исполнам?
Цветко: да фатам златна рипка што ќе ми исполни повеќе желби.
Фатил полицаец златна риба и рибата му рекла:
Пушти ме и ќе ти исполнам 3 желби, и полицаецот ја пуштил.
Снаодлив човек ловел риби и фатил златна риба и му рекла:
Ако ме пуштиш ќе ти исполнам 3 желби.
Човекот ја пуштил во тегла за да може повеќе пати да ја фаќа.
Си биле глуп, поглуп и најглуп и паднале на пуст остров! И фатиле златна рипка и таа му рекла:
Ако ме пуштите ке ви исполнам 3 желби и тие ја пуштиле.
И сега глупиов викат:Јас имам жена да ме вратиш! И таа го вратила.
На поглупиов викат:Јас имам жена и деца да ме вратиш! И таа го вратила.
Најглупиов незнаел што да рече и рекол врати ми ги двајцата!
Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: – Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле…
Србинот: Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: Договорено.
Гркот: Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
Дали ѕидот е водоотпорен?
Да, одговорила рипката.
Полни!
Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
Ауди Q7
Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
А ти сакаш ли на зејтин или на маст?