ЖивотУбави совети

Свадба каква што секоја девојка посакува

Пролетта и летото се секогаш одлични годишни времиња за правење на свадба.

Наскоро времето ќе е топло и сончево, па не мора да ги почитувате правилата дека свадбата треба да биде во затворен простор. Наместо тоа, бидете поинакви и организирајте свадба од соништата на отворено!

Повеќето свадбени ресторани низ земјава нудат опција за правење на свадба надвор, во нивните летни тераси и градини, но доколку не успеете да најдете слободен термин, размислете за опцијата да правите свадба во простор кој самите ќе го пронајдете. На пример, можете да изнајмите вила или куќа која има доволно голем двор каде ќе може да ги соберите вашите гости.

Со помош на кетеринг службите и ателјеата за декорации со сигурност ќе направите бајковита венчална сценографија. Бидете храбри и издвојте се од толпата луѓе кои слават љубов во бели свадбени сали.

Ако пак решите да декорирате сами, со помош на најблиските, тогаш ви нудиме неколку совети и фотографии за инспирација.

  • Размислете за опцијата свадбата да почне во доцните попладневни или приквечерните часови како би имале што повеќе време за забаување и прославување.
  • Поставете многу свеќи и фенери или низи од мали сијалички за да добиете максимално романтично осветлување.
  • Употребете што повеќе дрво како материјал во декорациите. Дрвени столчиња, дрвени трупци на кои ќе поставите цветни икебани, зимзелени дрвца во саксии…
  • Играјте си со боите. Поставете бели чаршафи на масите и декорации во силни, живи бои или обратно, чаршафот кој ќе биде во јарко црвена боја дополнете го со букети од бели рози.

Доколку пак, имате можност да организирате свадба во близина на езеро или некоја река за да доловите вистинска романтична идила, тогаш сте вистинска среќничка! 🙂

Поврзани статии

Back to top button