Кои модни парчиња кои беа хит во 2018 ќе се заборават во 2019?
Модата во 2018 година беше доста храбра, но уште на почетокот на 2019 година, доаѓаат нови трендови, додека некои од старите паѓаат во заборав.
Од овие популарни трендови од 2018 ќе се откажеме во 2019:
1. Логоманија
Сите дизајнерски марки имаа колекцијата на која беше доминантно логото, а овој тренд беше популарен во текот на целата сезона, но експертите веруваат дека овој тренд во 2019 година ќе стане минато.
2. Мали очила за сонце
Минијатурни очила за сонце, ја одбележаа 2018 година. Експертите, сепак, тврдат дека ова лето ќе се вратат во фокус старите, класични рамки.
3. Гломазни патики
Гломазните патики, кои сите мораа да ги имаат минатата година, ќе станат минато оваа година, а кога станува збор за чевли, класичните, поедноставни парчиња ќе се вратат во фокусот.