Кои луѓе се здодевни?
Без разлика дали сте маж или жена, ќе признаете дека постојат луѓе кои ви здодевни и не можете да издржите ни десет минути во нивно друштво.
Нема да зборуваме за тоа кои луѓе се здодевни според хороскопот, туку за тоа кои луѓе се здодевни поради нивното однесување.
Оние кои се знаат – Тие знаат се, дури и она што научно не е потврдено. Го знаат вашиот матичен број иако ве гледаат трет пат во животот. Можеби првите неколку средби ќе бидат забавни, но набрзо ќе почнат да ви одат на живци.
Оние кои мора секогаш да се во право – Дури и кога имате аргументи и докази кои покажуваат дека грешат, тие мора да се во право инаку би започнала Трета Свестка војна.
Оние кои се лутат како деца – Ако имате над 20 години, а се лутите за се и сешто како дете кое не добило играчка, тогаш сте здодевни!
Оние кои се 24/7 на Facebook – Луѓето кои сакаат да се во центарот на вниманието и постојано апдејтираат статуси и постираат селфи и тоа како знаат да бидат здодевни!
Оние кои лечат комплекси на други – Луѓето кои глумат самодоверба, зајадливи се, веруваат дека нападот е најдобра одбрана често немаат вистински пријатели затоа што на многу луѓе им здосадува нивното однесување.