Од насУбави муабети

Имавме се, делевме се и зошто?!

Летото на прагот ни е, топло е и нормално е тоа, но, мене ми гори нешто од внатре. Нешто длабоко во мене мир не ми дава, спокој не чувствувам.

А толку сакав заедно да го минеме и ова господово лето. Толку мечти не се остварени, толку зборови недокажани, толку чувства не се покажани… Мака ми е, пекол ми, од внатре ми врие. Мислам, а никако да смислам како сама на себе да си олеснам, да се разладам, да се освежам и препородам. Имавме се, делевме се и зошто?!

Како што твојата љубов кон мене згасна така во мене пламен се разгоре, душа ми изгоре. Да ми кажеше, да ми објаснеше можеби немаше волку да гори, немаше да пече и да боли. Ама убаво велат повозрасните, од грешките се учи, лекции нови тие да ни се, а и се се случува со причина. Можеби мојата среќа допрва ќе дојде, можеби ти замина за капијата на срцево слободна за подобар од тебе да ми е! Биди среќен, ќе бидам и јас некој ден.

Поврзани статии

Back to top button