Кога една врата ќе се затвори, зар не знаеш дека има уште многу други отворени?
Голем дел од светот, денеска освен доаѓањето на летото, ја славеше и музиката. 21 јуни е познат и како Светски ден на музиката, а идејата за неговото прославување започнала во Фрнација, по иницијатива на Џоел Коен во 1976 година. Овој ден се слави во повеќе од 460 градови низ светот со концерти и музички перформанси.
Ние одлучивме да му дадеме значење на овој ден, така што ќе ве потсетиме на најмоќните мисли кажани од најпознатите музичари на светот.
„Му благодарам на Бога што великодушно ми ја подари можноста да научам дека смртта е клуч кој ја отвора вратата на нашата вистинска среќа.“ – Моцарт
„Не обрнувам внимание на туѓите пофалби и осуди. Јас едноставно ги следам своите чувства.“ – Моцарт
„Твојата љубов во ист миг ме прави најсреќен и најнесреќен човек на светот.“ – Бетовен
„Филмовите се вистински. Музиката е вистинска. Тие влијаат врз луѓето. Реални се. Минатата вечер посведочив како еден диџеј успеа да ја контролира целата соба. Дури ни политичарите не го можат тоа.“ – Принс
„Ниедно дете не е лошо од самиот почеток. Тие само ја имитираат атмосферата околу нив.“ – Принс
„Приказната за животот е побрза и од едно трепкање на окото, приказната за љубовта е здраво – збогум.“ – Џими Хендрикс
„Ако некој мисли дека љубовта и мирот се клишеа заостанати од 60-те години, тоа е негов проблем. Љубовта и мирот се вечни.“ – Џон Ленон
„Ако си уживал во потрошеното време, тогаш тоа време не е залудно потрошено.“ – Џон Ленон
„Да се испрати светлина во темнината на човековото срце – тоа е должноста на еден уметник.“ – Роберт Шуман
„Јас бев посветен да бидам вреден. Кој и да е исто вреден, ќе успее еднакво добро.“ – Бах
„Ако е прекрасна, нема да биде лесна. Ако е лесна, нема да биде прекрасна. Ако вреди, нема да се откажеш од неа. Ако се откажеш, тогаш ти не си вреден…“ – Боб Марли
„Кога една врата ќе се затвори, зар не знаеш дека има уште многу други отворени?“ – Боб Марли
„Вистината е дека не постои патување. Сите ние пристигнуваме и заминуваме во исто време.“ – Дејвид Боуви